Јосиповиќ ќе се сретне со Грувеки и Вељаноски

Од:

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, денеска, на вториот ден од официјалната  посета на Македонија, ќе се сретне со претседателот на Собранието  Трајко Вељаноски, со премиерот Никола Груевски и со координатори  на пратенички групи.

За време на престојот во Скопје Јосиповиќ  треба да има средба и со претставниците на хрватската заедница во Македонија.

Шефот на хрватската држава вчера се сретна со неговиот домаќин претседателот Ѓорѓе Иванов.

Посетата на Скопје е дел од мини турнејата на Јосиповиќ низ регионот. Хрватскиот претседател пред доаѓањето во Македонија ја посети Црна Гора, а од Скопје ќе отпатува во Косово.

Би можело да ве интересира

Четворица мигранти спасени од надојдената река Сава се во болницата во Винковци

Горан Наумовски

Божиновиќ ги објави деталите за спасувањето на луѓето што паднаа во Сава, предупреди дека постои можност да има жртви

Голема спасувачка операција на реката Сава во близина на Бабина Греда: „Неколку луѓе се во водата“

(ВИДЕО) Ветерот корне дрвја и носи покриви во Хрватска: Училиштата се затворени во 4 окрузи, снегот го парализира сообраќајот

Железничка несреќа во Хрватска, тројца патници се повредени

Иако е жив, го прогласија за мртов – промена на идентитет со сериозни последици

А1он