Јолевски на конференција за учеството во мировни мисии на ООН

Од:

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска ќе се обрати на дводневната конференција за Зголемено учество на земјите од Западниот Балкан во мировните мисии на Обединетите нации, што се одржува во Белград.

Министерството за одбрана соопшти дека на конференцијата учество ќе земат над 120 високи претставници на земјите од Западниот Балкан, односно на Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора, земјите пертнери, меѓу кои и САД, Германија, Франција, Норвешка, Кина, Русија и меѓународните организации, како Обединетите Нации, Европската унија и НАТО-алијансата. Како претставник на Обединетите нации ќе присуствува и раководителот на Одделот за мировни операции на ООН, Херве Ладсу.

Тркалезната маса која е во организација на Одделот за мировни операции на Обединетите нации, Интернационалниот мировен институт, во соработка со Република Србија и Канцеларијата на ООН во Белград има за цел да ги собере претставниците на земјите од Западниот Балкан и официјалните лица на ОН и партнерите, за развивање дискусија за идниот придонес на земјите од регионот во мировните мисии на Обединетите нации.

Би можело да ве интересира

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници