Јолевски: Македонија заслужува членство во НАТО

Од:

„Македонија заслужува членство во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската унија, за што единствена преостаната пречка е блокадата од страна на Грција“,изјави македонскиот амбасадор во САД и преговарач во спорот за името, Зоран Јолевски, на предавање во организација на Руми форумот во Вашингтон.

„Со формирањето на новата грчка влада се надевам дека наскоро процесот околу спорот за името ќе се придвижи. Македонската влада неодамна повторно и препорача на Грција да биде потпишан договор за добрососедски односи, што ќе биде добар чекор за засилување на билатералните односи меѓу двете земји “, рече Јолевски.

Во врската со потегот од грчка страна со лешење налепници на македонските возила, Јолевски рече дека е спротивен на Времената спогодба од 1995 година и штетен за трговската и туристичка размена меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана