Јолевски ја презема функцијата министер за одбрана

Од:

Да се биде дел од одбрана на татковината е чест и гордост. Да се биде дел од тимот кој континуирано ја прават горда нашата татковина насекаде низ светот, е предизвик на кој треба да му се пријде со должна почит. Да се биде министер за одбрана е чест, и гордост, но и голема одговорност.

Ова го истакна новизбраниот министер за одбрана Зоран Јолевски на денешното преземање на фунцијата од досегашниот министер Талат Џафери.

Министерот Јолевски во своето обраќање пред присутните високи функционери од Министерството за одбрана и старешини од Генералштабот на Армијата на Република Македонија, додаде дека Република Македонија го има избрано патот на својата иднина, патот на целосна Евроатлантска интеграција.

– Јас сум определен заедно со вас да го продолжиме патот на реформите, со цел да ги уживаме придобивките на демократското општество, кои воедно се вредности на НАТО, Европската унија и современиот свет во целост, рече Јолевски.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски