Јолевски: Членството во НАТО и ЕУ е од стратегиско значење за Македонија

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски ја отвори конференција на тема „Западен Балкан – иднината на интеграцијата” која се одржува во Рим, Италија, во организација на Фондацијата на одбранбениот колеџ на НАТО, во соработка со италијанското претседателство со Советот на Европската Унија и Балканскиот фонд за демократија.

Пред присутните учесници, министерот Јолевски, упатил благодарност до претседателот на Фондацијата, и поранешен заменик генерален секретар на НАТО Алесандро Минуто-Рицо и до останатите организатори на поканата за учеството на оваа конференција.

– Република Македонија во изминативе години вложи многу напори да изврши бројни реформи со цел достигнување на членство во евро-атлантските организации. Членството во ЕУ и НАТО е од стратегиско значење за нашата земја. Нашето членство во овие организации ќе значи постабилен регион, побезбедна Европа. Меѓутоа морам да истакнам дека овие реформи, македонската влада и парламентот ги прави за да го подобри квалитетот на животниот стандард на своите граѓани, да обезбеди почитување на правната држава, да овозможи економски просперитет и поквалитетна здравствена заштита. Овие реформи се битни за македонските граѓани за подобрување на нивниот животен стандард. Институциите во Македонија и понатаму ќе продолжат со имплементирање на реформите, нагласил во обраќањето Јолевски, соопшти денеска МВР.

Во тој контекст, истакнал министерот за одбрана, Република Македонија ги има исполнето сите критериуми за пристапување во НАТО.

– И покрај тоа што поминаа шест години од нанесената неправда во Букурешт, ентузијазмот сеуште не нема напуштено. Со прием на Македонија и Црна Гора ќе се испрати порака до идните земји кандидати дека НАТО ја негува политиката на отворени врати, рекол министерот Јолевски.

Конференцијата има цел да даде една нова појасна слика за земјите од Западен Балкан, каде се и каква стратегија да применат во иднина во контекст на интеграциските процеси, се појаснува во соопштението од МО и се додава дека согледувањата се дека секоја земја аспирант се соочува со различни проблеми и оти можеби регионалната соработка е можноста за надминување на истите.

На конференцијата учествуваат високи гости од Италија, Чешка, Австрија, и од земјите од регионов.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација