JO: Во притвор остануваат 10 лица се гонат за учество во толпа

Од:

По прибирање на сите докази и факти во предметот, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог во Основниот суд Скопје 1 Скопје, против четворица обвинети за сторено кривично дело за време на протестите пред Владата на Република Македонија.

Истовремено, надлежниот обвинител за сторителите на кривичното дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, побара и продолжување на мерката притвор за тројца од нив, додека пак за еден од обвинетите предложи замена на мерката притвор со мерка за претпазливост. Судот го прифати предлогот на надлежниот јавен обвинител.

Денеска е поднесен и Обвинителен предлог за втората група учесници во протестите. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје обвини осум лица за сторено кривично дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, за седум обвинети е поднесен и предлог за продолжување на мерката притвор, а за еден обвинет продолжување на мерката куќен притвор.

Би можело да ве интересира

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ