Јазбец: Членството во НАТО значи стабилнсот за земјата и можност за економски развој

Од:

Ширењето на НАТО чадорот во регионот можеби претставува прва и единствена можност за Балканот конечно да постигне мир, стабилност и просперитет. Членството во НАТО за Северна Македонија значи стабилнсот за земјата, можност за економски развој и да се биде дел од голем систем на колективна одбрана и превенција на конфликти меѓу земјите, порача денеска словенечкиот амбасадор Милан Јазбец, додека зборуваше за предизвиците и перспективите на Балканот и Евроинтеграцискиот процес пред студенти од повеќе од 20 држави на Интернационалниот балкански универзитет во Скопје.

Амбасадата на Словенија од 1 јануари годинава е контакт амбасада на НАТО во нашата држава. Јазбец, со оглед на брзото темпо на ратификација на протоколот за членство во НАТО посочи дека очекува неговиот двегодишен мандат да заврши порано.

– Изминатите два месеци дури 11 од вкупно 29 земји членки го ратификуваа пристапниот протокол за членество на Северна Македонија во НАТО и оттука очекувам дека мојот мандат ќе заврши побрзо од предвидениот двегодишен мандат, што е особено важно за вашата држава, изјави Јазбец.

Потсети дека Словенија била првата земја што отвори амбасада во нашата земја и сега е една од првите што го ратификуваат протоколот за членство во НАТО.

– Ова ја покажува силната и пријателска поддршка од Словенија, изјави Јазбец.

Посочи дека пред да биде амбасадор во нашата држава бил амбасадор во Турција и дека за врската меѓу трите држави покажува тоа што по независноста Словенија прва отворила амбасада во нашата земја, додека Турција е првата земја што ја призна нашата држава по тогашното уставно име.

– Денешното предавање тука пред студенти од повеќе од 20 земји најдобро покажува како да се поттикнат и мотивираат младите луѓе. Како да им се покаже дека постои пат напред за секој и дека секој може да успее со напорна работа и образование, изјави Јазбец.

Амбасадорот Јазбец, пред студентите зборуваше за тоа како Европа единствено преку заедничка активност на НАТО, ЕУ и Советот на Европа успеала да достигне така високото ниво на економски и политички развој, додека со евроинтеграциските процеси покажала дека е можно тоа да се искористи и за трансформирање на глобалната заедница.

Би можело да ве интересира

Финска ќе распоредува нуклеарно оружје кон Русија, закана од Москва дека ќе мора да реагира

Предраг Петровиќ

Германија масовно ќе ја бомбардира Русија ако таа нападне членка на НАТО

Путин: Бесмислено е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина

Москва: НАТО сака да ја потчини Србија и ги засилува напорите да ја привлече во својата орбита

Бабиш: Чешка нема да ја исполни целта за одбранбени трошоци на НАТО

САД упатија нови критики кон своите сојузници во НАТО