Јавноста нема да чуе една од снимките на Милески, иако Јанева и Јовановски бараа сите да останат во судницата

Од:

Јавноста е исклучена од денешното рочиште за „Рекет“, додека во судницата зе слуша нов разговор, кој според обвинителката Вилма Русковска е сензитивен. Судијката Васка Николовска-Масевска одлучи да го уважи барањето, потенцирајќи дека судот се грижи за приватноста на сите странки во постапката. Станува збор за материјал кој го доставил осудениот Зоран Милески-Кичеец до Обвинителството, а е разговор меѓу него и обвинетиот Бојан Јовановски. Снимките траат два часа.

„Со оглед дека може да се изнесе детали од приватниот живот на лица, ја исклучуваме јавноста”, рече судијката Васка Николовска-Масевска.

На одлуката да се исклучи јавноста, и вчера реагираа обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, кои пак, бараа разговорите да ги чујат сите.

На вчерашното судење, Јанева рече дека од овие снимки ќе се види кој манипулирал, кој бил изманипулиран и кој давал поткуп. Јовановски пак, рече дека сака да се отвори Пандорината кутија, со тоа што, иако има приватни и сензитивни елементи во разговорот меѓу него и Милески, сака јавноста да го чуе.

Од снимките на Милески, останаа уште два фајла кои ќе бидат слушнати на другите рочиште кога ќе има дополнување на доказната постапка. Од тие разговори, Јанева потенцираше дека ќе се види поткупот.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов