Јавно обвинителство работи на расветлување на убиството во Струга

Од:

По наредба на јавниот обвинител на телото на убиениот сопственик на ресторанот „Аква блу“ во Струга ќе се изврши обдукција, соопшти денеска Основното јавно обвинителство. Оттаму посочуваат дека интензивно се преземаат мерки и активности за откривање на сторителот на кривичното дело.

Дежурен јавен обвинител од струшкото Јавно обвинителство заедно со увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Охрид – Полициската станица Струга вчера извршил увид на лице место каде што беше убиен сопственик на ресторан.

Според првичните информации, како што е наведено во соопштението, убиството околу 17 часот го извршил непознат сторител со истрели од огнострелно оружје, на терасата на ресторанот „Аква блу“ во Струга.

Од лице место се подигнати траги и веднаш се дадени на вештачење.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски