Јавниот превоз нема да функционира за време на полицискиот час

Од:

Јавниот превоз нема да функционира од утре, недела (24.05.2020 год) од 11 часот, до вторник (26.05.2020 год) до 5 часот, информираат од ЈСП Скопје.

„Времениот целосен прекин на сообраќањето на автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници е согласно Одлуката на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во посочениот период“, се вели во соопштението.

Утре сите автобуси ќе сообраќаат по неделен возен ред од 5 до 11 часот.

Останатиот возен ред е достапен за преглед на веб страницата на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk.

Би можело да ве интересира

Автобусите во Скопје денеска сообраќаат по неделен возен ред

А1он

Редовно сообраќаат автобусите на ЈСП „Скопје“, вработените денеска ќе ја добијат јануарската плата

Горан Наумовски

ЈСП: Не доцни платата на вработените, повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка кризa

ВМРО-ДПМНЕ: ЈСП е бунар без дно, Арсовска да каже зошто нема плати за вработените и покрај изгласаните 700 милиони денари?

Инцидент во автобус на ЈСП поради политички тензии

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ