Јавниот превоз ќе се одвива по неделен распоред, со исклучок на 10 линии

Од:

ЈСП Скопје информира дека денеска поради верскиот празник Богојавление – Водици автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок се линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои сообраќаат по саботен возен ред.

На Водици, од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а жичницата нема да работи. Потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичницата се неработни денови.

– На православните христијани им го честитаме празникот Богојавление – Водици, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

100 нови автобуси за Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски

Дел од автобусите на приградските линии на ЈСП не одат до крајните дестинации

Приватните автобуси од денеска возат по редовен возен ред, ЈСП им улати дел од долгот

Приватните автобуси од утре ќе возат по редовен возен ред, ЈСП уплати дел од долгот

А1он

ЈСП има нафта уште за денеска

Автобусите на ЈСП денеска возат по неделен возен ред

Горан Наумовски