Јавна расправа по Предлог-законот за следење на комуникациите и Предлог-законот за Оперативно-техничка агенција

Од:

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија одржа Јавна расправа по Предлог-законот за следење на комуникациите и Предлог-законот за Оперативно-техничка агенција, во рамки на Единаесеттата седница која што се одржа денес во сала „Борис Трајковски“, во зградата на Собранието на Република Македонија.

Јавната расправа ја отвори и со неа претседаваше претседателката на Комисијата за одбрана и безбедност, д-р Фросина Ташевска Ременски.

На седницата на Комисијата присуствуваа членови и заменици на членовите на Комисијата за одбрана и безбедност, пратеници, претставници на Владата на Република Македонија, поголем број на институции, организации, професори и експерти од областа на одбраната и безбедноста.

Дискусијата беше можност да се изврши увид, темелно да се проучат и да се испитаат прашањата по однос на предлог-законите, нивно доуредување или допрецизирање, како и поголема транспарентност во работата на Собранието на Република Македонија.

Комисијата за одбрана и безбедност ќе подготви Извештај во кој ќе бидат содржани мислењата, ставовите и предлозите кои беа изнесени на Јавната расправа и истиот ќе го достави до Собранието на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги