Јавна расправа за изградба на времена депонија во Гевгелија

Од:

Не се утврдени значајни негативни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето од изградбата на нова комунална депонија. Тоа е посочено на денешната јавна раправа во Гевгелија по студијата за оцена на влијанието врз животната средина за изградбата на времената депонија за неопасен отпад на територијата на општина Гевгелија.

– Идентификуваните спаѓаат во стандардни влијанија кои може да бидат избегнати или намалени преку спроведување на предвидените мерки за заштита, нагласи Марјан Михајлов, инженер по животна средина.

Беше истакнато дека депонијата кај селото Ново Конско ќе биде првата современа депонија за комунален отпад во Македонија и дека ќе претставува најсоодветно решение за досегашните проблеми на жителите од општината кои ги создаваше дивата депонија,која според Михајлов, е оценета како втора најризична депонија во Македонија сместена без никаква заштита во коритото на Сува река.

Новата комунална депонија ќе се гради на површина од два хектари со средства од јапонски грант и финансиска помош од УНДП кои беа доделени на најпогодените општини од бегалската криза.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно