Јавна дебата за идниот Статут на Општина Кичево

Од:

Комисијата за статутарни и правни прашања на Општина Кичево одржа јавна дебата за давање предлози за можни промени на предлог-Статутот на Општината.

Претседателката на Комисијата за статутарни и правни прашања на Општина Кичево, Ардита Дани, рече дека сите промени ќе се прават во согласност со Законот за локална самоуправа.

„Дебатата беше јавна и ние добиевме идеи и предлози и од граѓанското општество и од локалните заедници. Нив ќе ги имаме предвид и ќе ги анализираме. Општина Кичево вети соработка со сите оние што ќе достават предлози до оваа институција“, додаде Дани.

Ова беше првата фаза од проектот за измена на Статутот на Општината, а во текот на втората фаза, по анализата, тој треба и да се одобри.

Би можело да ве интересира

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски