Јавен повик на Град Скопје за финансирање проекти од културата за 2019

Од:

Град Скопје објави јавен повик за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на Градот за 2019 година.

Заинтересираните може да поднесат предлози за поддршка на професионални, аматарески или младински проекти, манифестации и активности од областите: Изведбени уметности; Музички уметности; Визуелни уметности и уметност на новите медиуми; Издавачка и библиотечна дејност; Музејска дејност и промоција на културното наследство; Меѓународна соработка и Професионална, аматерска и младинска како поткатегории за секоја област.

Право да учествуваат имаат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Македонија.

– Покрај наведените специфични области, поднесените пријави треба да ги задоволуваат целите и критериумите за избор на проекти од областа на културата од интрес на Град Скопје кои се дадени во прилог на Јавниот повик објавен на официјалниот веб-портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, соопшти Град Скопје.

Пријавите (апликациите) може да се подигнат во Секторот за јавни дејности – Одделение за култура на Град Скопје (барака 2), Архивата на Град Скопје или на www.skopje.gov.mk.

Јавниот повик е објавен во дневниот печат и ќе трае до 15 октомври 2018. Дополнителни информации може да се добијат на  телефоните: 02 3297-324, 02 3297-289 и на електронската адреса  [email protected]. 

Би можело да ве интересира

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

Трето издание на Деновите на поезијата, од 14 до 16 мај

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Став од Уставниот суд во врска со најавениот протест на работниците од културата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ