Јашари се сретна со шпанскиот амбасадор Каранза

Од:

Министерот за правда Аднан Јашари денеска имаше средба со шпанскиот амбасадор Рамон Абароа Каранза, на која разговараше за досегашната соработка меѓу двете земји, при што посебен акцент е ставен врз судството, како и врз начинот на натамошната соработка.

Јашари, како што соопшти неговиот Кабинет, го информирал амбасадорот Абароа Каранза за постапките кои се во тек, како и за реформските активности кои се преземаат во однос на обезбедувањето на ефикасноста и независноста на судскиот систем.

Aмбасадорот Абароа Каранза изјави дека е подготвен за продлабочување на досегашната соработка, како и тоа дека измените и реформите што се прават во областа на правосудството се суштински за процесот на евроинтеграцијата. На средбата станало збор и за искуството на Кралството Шпанија во областа на малолетничката правда.

Министерот Јашари се заблагодари за соработката и пријателските односи меѓу двете земји и изрази подготвеност за натамошна соработка меѓу Република Македонија и Кралството Шпанија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски