Јаревски: Груби е извор на лажни вести, Бехтел и Енка во Србија учествуваше на тендер со дупло пониски суми од тука

Од:

Координаторот за сомнителни тендери со отворен сомнеж за криминал во Владата Артан Груби освен фабрика за пари, станува и фабрика за лажни вести. Па така ќе напише дека со истиот закон Бехтел и Енка гради автопат во Србија му одговора пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски на првиотвицепремиер Артан груби на наводите дека конзорциумот под истите услови градел ви во Србија.

– Но еве што Груби не кажува: Бехтел и Енка во Србија се одбрани со тендер, кај нас директно, без тендер со договор напишан во 4 очи. Автопатот со приближно иста должина во Србија вреди 750 милиони евра, во Македонија почетната вредност со истата Бехтел и Енка вреди 1.350 милијарди евра. Километар автопат во Србија од Бехтел и Енка вреди 7 милиони евра, во Македонија 20 милиони евра. Надзор во Србија е професионална фирма, надзор во Македонија е фирма за долна облека со 4 вработени. ВМРО-ДПМНЕ не е против градба на автопат, напротив истиот автопат за Коридорот 8 го има и во нашата програма, но сме против пљачката на векот каква сега имаме пред очи. И кога Груби ќе зборува за анти албанство (омилената теза на ДУИ секогаш кога се фатени апла во криминал) има ли поголемо анти албанство и анти државен елемент од тоа да се богати кастата на власт, на грбот на напатениот народ напиша Јаревски на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Безбедносна процена или политичка одлука – Кузеска со критики за случајот Груби

Горан Наумовски

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

ЗНАМ: Груби е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста