Јапонска донација за ТППЕ Велес

Од:

Територијалната противпожарна единица од Велес (ТППЕ) од Јапонската амбасада во Скопје доби на подарок противпожарно возило марка „Фолксваген амарок“ со резервоар од 500 литри наменето за полесно движење по тесните велешки улици полни со паркирани возила во високиот дел на градот, односно за полесна интервенција при пожари во повие делови на градот.

Како што информира командирот на ТППЕ Љупчо Лепидовски на денешната прес-конференција со оваа возило во многу ќе им се олесни делувањето при пожари во високите делови на градот, а предноста е што може да се полни и на лице место и од водоводната линија. Со данацијата добиле и три радио рачни станици и една стабилна за меѓусебна комуникација на пожарникарите на поголемо растојание во случај на пожари.

– Ова возило е од големо значење за ТППЕ и нејзината работа при пожари во високиот дел на градот, а воедно ќе може да функционира и при пожари и при сообраќајни несреќи, рече Лепидовски.

Тој потенцира дека со лани набавеното слично вакво мало возило со капацитето од 300 литри вода и со новото во многу се доекипира возниот парк на ТППЕ Велес. Најави дека планираат и набавка на уште едно помало противпожарно возило со резервоар за вода од 1.500 литри.

Би можело да ве интересира

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите