Јанушев: Дали во СВР Скопје имало пријава пред пет дена дека убиецот е Палевски кој е поранешен функционер на СДСМ

Од:

Оваа прес конференција се однесува на неодговорените прашања за овој случај и за потребата од одговорност на човекот чие име повеќе од 8 години се врзува со криминал, корупција и неспособност – Оливер Спасовски. Додека Оливер Спасовски организираше Самит во Скопје и се фалеше дека ја гарантира безбедноста на учесниците, рекетарско -криминална група од неколку членови харала низ Скопје и убивала невини луѓе, убија дете вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

– Главните и суштински прашања за Спасовски се – кога истрагата дознала за извршителите на грозоморните убиства и дали криеле и не преземале ништо заради самитот на ОБСЕ? Зошто полицијата на Спасовски реагирала предоцна? Дали е нормално за ваков траорен настан да ја информираат јавноста за трагичните настани преку бледо соопштение во 21 часот во недела – што кријат и за што им требаше време од објавување на веста до одржување на прес конференција, рече Јанушев.

Според него Во СВР Скопје официјално е заведено дека станува збор за Палчо уште пред 5 дена.

– Зошто пет дена не биле преземени никакви дејствија во однос на таа информација. Извршителот на убиството е поранешен висок функционер во партијата на Спасовски, претседател на градската организација на СДС. Исто така, познато е дека подолго време беше дел од јавна рекетарска група која во јавниот простор тргува со влијание и работи преку користољубие, а политичката партија му беше само параван за се она што го прави. Зошто власта предолго го толерираше ова однесување? Спасовски и СДС да одговорат дали ваквите групи ги стимулираат и користат за нивни лични потреби, а подоцна ги толерираат се додека не се случи ваква трагедија каде што животот го загуби невино дете?!?

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од спасовски затоа што како што рече Јанушев во негово време се случуаат криминали и никој не одговара.

Би можело да ве интересира

Туфегџиќ: Ослободителната одлука за Александар е законита, но празна, институциите не одговорија на суштинските прашања

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорчевска, Александар

Катерина Ѓуровски

Доживотен затвор за убијците на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, осободителна пресуда за таткото на девојчето

Катерина Ѓуровски

Пресудата да убиствата на Вања и на Панче ќе биде објавена денеска

Судењето за убиството на Вања и Панче презакажано за 9 јуни

Левица: Дали ВМРО-ДПМНЕ молчи за скандалите на ДКСК со цел да го заташка предметот со бугарската фирма на Јанушев?