Јанкуловска: Во Куманово приоритет се интересите на Дамјановски и Црвенковски

Од:

На синоќешниот мини-мининг на ВМРО-ДПМНЕ во кумановската населба Гоце Делчев, присуствуваше и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, кој дојде за да му пружи поддршка на кандидат за градоначалник на Куманово, Зоран Ѓорѓиевски.

-Знам што ве донесе на ова толку студено време овде. Тоа е пред се разочарувањето од Зоран Дамјановски. Куманово е град кој никако да доживее развој и перспектива како што доживуваат повеќето општини. За жал 22 години во Куманово на преден план се ставаат партиските и личните интереси на Зоран Дамјановски и Бранко Црвенковски. Повторно излегува човек кој најдобро на овие избори покажа што е неговиот приоритет. Покажа дека тоа не се граѓаните, дека ќе направи се што од него ќе побара Бранко Црвенковски, без разлика дали тоа оди на штета на народот, на Македонија. Во таа партија има само еден човек кој одлучува за сите – истакна Јанкуловска.

Кандидатот за градоначалник на Куманово, од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски нагласи дека невработеноста е еден од најголемите проблеми во општината.

gorgievski-miting-kumanovo

-Куманово го носи бајракот по невработеност и печалбарството. Време е да се прекине таа работа. За разлика од другата политичка провиненција која дваесет години го „менаџира“ Куманово, ние сега со нашата програма планираме тоа да го отстраниме. Срамота е што во нашата програма најголем проект е обичен проект. Обичен затоа што се работи за проблемот со водоснабдување во 21 век – изјави Ѓорѓиевски.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори