Јанкуловска: Не дискриминираме хомосексуалци, ама децата мора да имаат мајка и татко

Од:

Предлог уставните измени од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, со кои се бара прецизирање на бракот како заедница меѓу маж и жена не е никаква дискриминација, туку политика која значи заштита на вредностите на општеството, вели министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, во интервјуто за Прес 24.

Tоа е политика на владејачката партија и додека ВМРО е на власт ќе се грижи дечињата да имаат татко и мајка, бидејќи тоа им го должи ним и на поколенијата, вели министерката.

Што се однесува до инцидентите во Скопска чаршија каде беше нападнат ЛГБТИ центарот, како и за нападите на декларирани хомосексуалци од страна на хулигани, Јанкуловска одговара дека се преземни сите мерки, извршен е увид, обезбедени се снимки и дека со случајот се постапува како во сите други случаи, без посебен однос.

Не го спориме правото на СДСМ да се легитимира со ЛГБТ заедницата, да ја протежира и помага, но ние нема да си го дозволиме луксузот некого да привилегираме, а некого да дискриминираме. Во однос на предлогот, јас не гледам како истиот би можел да води кон нетолеранција и дискриминација. Јас не го спорам правото на СДСМ да има исти ставови со ЛГБТ заедницата, но моите ставови и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се различни. Јас не се сложувам со легализирање на истополовите бракови или давање можност да посвојуваат деца и тоа јасно го кажувам. На крајот на краиштата, нам граѓаните не ни дадоа мандат да озаконуваме бракови меѓу мажи или меѓу жени и да им доделуваме деца на посвојување. Но, СДСМ може на првите наредни избори во својата програма да излезе пред граѓаните со ваков предлог и доколку обезбедат поддршка од мнозинството, ќе може да го имплементираат. Додека ВМРО е на власт бракот ќе биде заедница исклучиво меѓу маж и жена, подвлекува министерката.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он