Јанкулоска во Варшава на министерска конференција на Салцбург Форумот

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска и утре во Варшава, Полска, ќе учествува на министерската конференција на земјите членки на Салцбург Форумот на која ќе се расправа за повеќе безбедносни теми од регионот на Југоисточна Европа.

Министрите за внатрешни работи на Чешка, Словачка, Унгарија, Хрватска, Словенија, Австрија, Полска, Македонија, Романија, Бугарија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Молдавија ќе дискутираат за новите технологии како инструменти во поефикасното менаџирање на граничната безбезбедност во контекст на новите предизвици, како и за перспективите за натамошно продлабочување на соработката во рамки на оваа асоцијација.

Ќе стане збор и за нелегалната трговијата со оружје, зајакнувањето на регионалната соработка во областа на трговијата со супстанци за производство на дрога, цивилната заштита и системи за спасување, а ќе бидат презентирани и насоки и приоритетит на Салцбург Форумот за време на романското претседателствување со истиот.

Предвидено е Јанкулоска утре попладне да има обраќање на собирот во рамки на темата за илегалната трговија со оружје, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници