Јанкулоска присуствуваше на показна вежба на новите приправници во ЕБР

Од:

Завршна показна вежба денеска во скопската касарна „Ѓорче Петров“ изведоа 113-те нови приправници во Единицата за брзо распоредување (ЕБР), примени на претпоследниот оглас за полициски службеници од регрутирани 300 за потребите на МВР, а по шестмесечниот период на тестирање и прилагодување.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која присуствуваше на показната вежба, нагласи дека од 120 регрутирани за потребите на ЕБР, 113-те приправници успешно ја завршиле обуката во различни фази, односно поминале процес на обука во делот на боречките вештини, справување со нарушен јавен ред и мир и сите работни задачи со кои би се соочувале како припадници на ЕБР.

– Тие демонстрираа високо ниво на подготвеност, способност за користење на средствата за работа и почитување на човековите слободи и права, оцени министерката Јанкулоска, посочувајќи оти првпат Единицата се подновува со бројка од над 100 нови припадници, како редовна континуирана практика на обновување на составот на секоја единица во МВР.

Припадниците на ЕБР во рамки на показната вежба презентираа основни техники од областа на јавниот ред и мир, женскиот вод презентираше работа со тонфа, беа изведени тактики за воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем, присилно запирање на патничко моторно возилио и аспење опасни лица, влез во објект и апсење, патролирање и претрес на терен со цел откривање и апсење опасни лица сторители на кривично дело, како и презентација на техники од боречки вештини.

На новинарско прашање за пресудата за случајот „Монструм“, Јанкулоска истакна дека работата на министерот за внатрешни работи не подразбира коментирање на судските одлуки.

– Сепак, судот работи исклучиво врз основа на докази и закон, рече министерката Гордана Јанкулоска.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи