Јанкулоска: Нудиме реални проекти кои ќе станат секојдневие

Од:

Вработувања, стипендирања за поголеми можности во образованието и поттикнување на спортот, се само дел од проектите што ги предвидува програмата „Проверено“ во чиј фокус се младите, рече денеска Гордана Јанкулоска, носител на пратеничката листа од ВМРО-ДПМНЕ во Втората изборна единица.

Јанкулоска на средба со млади луѓе во скопската општина Чаир нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ, наспроти празните ветувања и реториката со говор на омраза на конкурентите, на младите луѓе им нуди реални проекти и ветувања кои ќе станат секојдневие во следните четири години.

– Во програмата „Проверено“ младите луѓе се во центарот на вниманието. Нудиме низа проекти во делот на поголема вработливост на младите, олеснување за работодавачите во поглед на придонесите и давачките кон државата со цел да ги мотивираме да вработуваат млади луѓе, можностите кои се нудат во делот на образованието каде што продолжуваме со практиката за стипендирање на сите луѓе кои ќе се запишат на 100-те најдобри универзитети со покривање на сите трошоци или 200 најдобри универзитети во светот во делот на техничките науки, истакна Јанкулоска.

Во програмата се планирани, додаде, и мерки за помош при самовработување, како и младинските политики.

Би можело да ве интересира

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ