Јанкуловска: МВР не е надлежна за спроведување на Законот за знамиња

Од:

По однос на сите натписи со провокативна содржина или кои на некој начин провоцираат тензии, МВР во континуитет превзема мерки, нагласи министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска одговарајќи на новинарско прашање дали МВР ќе поведе истрага во врска со вчерашниот графит на влезот од Гостивар „добродојдовте во Албанија“.

– И во минатото сме имале слични ситуации кога сме ги документирале и сме поднесувале  соодветни пријави, појасни таа, по засадувањето на дрвца во кругот на МВР.

На прашањето која е институцијата што е надлежна за поставувањето албански знамиња без при тоа да биде истакнато знамето на Република Македонија и за промена на таблите во општина Гостивар, Јанкулоска без прецизен одговор затоа што, како што рече, не може да ги знае детално надлежностите на сите институции.

– МВР дефинитивно не е институцијата која има таква надлежност, но секогаш сме отворени за соработка со која било друга институција доколку од нас тоа биде побарано, изјави министерката Јанкулоска.

Таа повтори дека МВР не е институцијата надлежна за спроведување на Законот за знамиња, туку постојат други институции кои во соодветна постапка, посочи, ја надгледуваат или ја проверуваат имплементацијата на овој закон.

– МВР реагира доколку некои од нас побара помош. До овој момент никој од нас не побарал ниту помош, ниту доставил било какво барање поврзано со оваа проблематика, рече министерката за вантрешни работи Гордана Јанкулоска.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина