Јанкулоска: МВР има опрема да ја провери автентичноста на снимките, но нема да се стави во функција на партија

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска повтори дека прислушуваните разговори кои ги објавува лидерот на опозицијата Зоран Заев претставуваат монтирани и креирани материјали кои имаат за цел да и наштетат на угледот на Република Македонија, пренесе Макфакс.

Јанкулоска вели дека полицијата има опрема со која може да се изврши вештачење и да се провери автентичноста на снимките, но според неа, Министерството нема да се стави во функција на некоја политичка партија.

„Доколку некоја институција достави налог за испитување на одредени материјали во процедура која е законска секако дека ќе постапиме по тоа“, рече Јанкулоска.

Јанкулоска вели дека очигледен е притисокот кој го чувствува Заев поради обвиненијата кои му се ставаат на товар, како и од текот на постапките кои се водат против него.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба