Јанкулоска: Македонија бележи континуиран прогрес во борбата со корупцијата

Од:

Во делот на борбата против корупцијата Република Македонија бележи континуиран прогрес, а тоа е евидентирано во сите релевантни меѓународни извештаи, вклучително и во извештајот на Транспаренси Интернешенел, каде континуирано земјата бележи скок на ова поле.

Вака одговори министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по барање на новианрите да го коментира последниот извештај од Стејт департментот на САД во делот што се однесува за корупцијата.

– Нашата цел останува да го продолжиме овој позитивен тренд односно паралелно со реформите во нормативанат рамка, да продолжиме со имплементацијата. Статистиките потврдуваат дека и бројот на откриени случаи се зголемува од година во година, како и бројот на поднесени кривични пријави против сторители, а што е можеби поважно во однос на корупцијата и бројот на откриени злоупотреби во смисла на оштетувањата пред се на буџетот како износ, истакна Јанкулоска.

На новинарско прашање за полициското присуство вчера на настанот кај хотелот Бристол во Скопје, министерката Јанкулоска посочи дека МВР ќе продолжи да функционира во рамките на своите законски надлежности и секогаш кога ќе биде побарана интервенција за воспоставување на јавниот ред и мир ќе постапува, затоа што, подвлече, никој нема право заради лично верување да содава неред, да уништува туѓ имот и да создава хаос.

Би можело да ве интересира

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР