Јанкулоска: Кандидатите кои се на обука по склучување договори ќе бидат оспособени за извршување на работните задачи

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во Центарот за обука во Идризово ја посети последната група на регрутирани кадети кандидати за полициски службенци.

Групата, истакна министерката Јанкулоска, аплицира за 400 работни позиции во МВР каде согласно Законот за внатрешни работи беа селектирани 10 проценти повеќе односно 440 кандидати. Од кандидатите двајца ја напуштиле обуката еден на сопствено барање и еден поради недоволен број бодови во првиот модул.

– Кандидатите, во моментов работат работни задачи и се оспособуваат по наставниот план од вториот модул кој се однесува на заштита на животот и имотот и заштита на државната граница. Денеска ги проследивме показните вежби кои потврдуваат степен на обученост на кандидатите за полициски службеници за работни задачи за обезбедување на државната граница, истакна Јанкулоска.

Кандидатите, појасни министерката, ги покажаа и своите вештини во спроведување со ситуација на откриени илегални мигранти. Факт е, рече таа, дека Република Македонија во последниве неколку години не е исклучок по однос на напливот на илегални мигранти од земјите каде што има кризни подрачја.

– Во последните шест месеци од оваа година откриени се 30 кривични дела кои се однесуваат на криумчарење илегални мигранти и за овие кривични дела пријавени се 46 сторители. Прокриумчарени се 203 мигранти од кои 80 се од Сирија, 63 од Авганистан, 25 од Сомалија, 19 од Еритреја, четворица се од Коморе, тројца од Бангладеш, по двајца од Палестина и Брегот на Слонова kоска и по еден илегален мигрант од Конго, Албанија, Пакистан и Гамбија, посочи Јанкулоска.

Таа потенцира дека показните вежби кои денеска беа изведени потврдуваат дека обуката која се изведува во Центарот за обука на МВР е со виско квалитет. Нагласи дека кандидатите кога ќе склучат договор со МВР ќе бидат оспособени за извршување на работните задачите кои ќе им бидат доверени.

До крајот на обуката на оваа група, појасни министерката Јанкулоска, останува уште модулот за сообраќај и практичната работа по однос на секоја тематска целина.

На новинарско прашање за илегалните мигранти кои вчера беа откриени, министерката информираше дека се откриени девет илегални мигранти од кои тројца од Сирија кои биле транспортирани со патничко возило „Волво“ управувано од 40-годишно лице од Скопје и шест илегални мигранти откриени во патничко возило „Опел Омега“ управувано од 27- годишен скопјанец.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он