Јанкулоска: Изборите согласно највисоките демократски стандарди

Од:

Изборниот ден помина согласно највисоките демократски стандарди. Не е регистриран ниту еден посериозен инцидент, ниту пристигнаа пријави за какво било нарушување на изборниот процес, соопшти вечерва министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Јанкулоска на прес-конференција информира дека на речиси сите 1.614 избирачки места гласањето заврши без никаков проблем и веќе почнува пребројувањето на гласовите. Само на неколку, под еден отсто, избирачкиот процес е продолжен заради прекини.

– Граѓаните и денеска мирно и достоинствено, во фер и демократска атмосфера, го дадоа гласот за опцијата и програмата за која сметаат дека ќе им овозможи попросперитена иднина. Не подлегнаа на манипулации и сценарија што беа најавувани во претходните денови. Исто така не дозволија да бидат вовлечени во инциденти, посочи министерката.

Нејзина оценка е дека и вториот круг поминал речиси идентично како и првиот.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар