Јанкулоска и Волерс на промоција на новите обуки за полициски службеници од гранична полиција

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и амбасадорот на САД во Република Македонија Пол Волерс денеска присуствуваа на промовирањето на новите обуки за полициски службеници на граничната полиција за патролирање долж зелената граница, во рамки на Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност.

Стремејќи се кон остварување на суштинска безбедност на границите, потенцира Јанкулоска, што ќе значи подготвеност на овој сегмент за навремено детектирање и справување со сите форми и видови на транснационален криминал, МВР, истакна, посветено и одговорно се насочи кон функционална имплементација на системот на интегрирано гранично управување.

– Ова за нас првенствено значеше ефикасна контрола на границата, која, секако, нема да оди на штета на либерализирањето односно овозможувањето што послободен и подинамичен проток на патници и стока, рече Јанкулоска, упатувајќи благодарност до партнерите од САД за континуираната соработка и помошта на патот на институционално реформиање, а во насока, подвлече, на што поскоро интегрирање на Република Македонија во евроатлантските асоцијации.

Таа укажа дека оваа обука е во насока на дополнителна едукација на полициските службеници од граничната полиција, кои што потоа стекнатото знаење во својоство на обучувачи ќе го пренесуваат на своите колеги, со цел натамошно персонално оспособување на полицисктие службеници.

– Едукацијата и континуираната обука на човечкиот потенцијал е еден од фундаментите на системското градење институционални каацитети кои што ќе ја имаат потребната функционална кондиција, а истовремено ќе можат да ја креираат своата натамошна надградба и развој согласно потребите што ќе произлезат, е личното убедување на министерката Јанакулоска.

Полициската работа, независно за кој нејзин сегмент станува збор, информира таа, е прилично сложена и одговорна, а фактот дека само по однос на протокот на патници во текот на минатата година на грнаичните премини беа евидентирани речиси 16 милиони патници, што е за околу 12 проценти повеќе од 2010-та година, доволно говори за обемот, но и за сложеноста на работните задачи во делокругот на граничната полиција.

Амбасадорот Волерс истакна дека сесиите за обука се заедничка заложба на МВР и на Амбасадата на САД во Скопје, со цел унапредување на капацитетите на граничната полиција.

– САД ќе ги поддржуваат постигнувањата во Македонија во областа на граничната безбедност и ќе продолжат да ги помагаат во Македонија, преку нашата програма, рече Волерс.

Во рамки на втората сесија што почнува денеска, шест обучувачи од граничната полиција и двајца од Центарот за обуки ќе обучуваат други гранични полицајци за техниките за патролирање долж зелената граница

Програмата за контрола на извоз и гранична безбедност веќе 8 години се спроведува во Македонија, преку обезбедување поддршка и донации на опрема, при што е обезбедена помош во износ од над 900 илјади американски долари во форма на опрема и обуки.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он