Јанкулоска го посети кумановското село Шупли Камен

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска го посети кумановското село Шупли Камен каде што синоќа од надојдената вода се изли реката Пчиња, а благодарение на интервенцијата на полицијата Методија Илиевски 62 годишен е евакуиран од неговата викендица.

Командирот на полициската станица од општа надлежност Антон Витковски информира дека Илиевски се наоѓал во викендицата неколку часа. Според Витковски, полицијата вчера интеревенирала на повеќе локации Јачинце, Вакв, Довезенце и Студена Бара.

Министерката Јанкулоска денеска се сретна со полициските службеници и со 62 годишниот кумановец и посочи дека на повеќе места во Македонија полицијата интеревенирала во евакуација на граѓани и помош на населението кое претпре штети од вчерашните поплави.

– МВР анагажираше дополнителни сили и ресусри во најризични места во државата. Анагажирана е и хеликоптерска единица за доставување храна, лекови, вода за пиење, обезбедуваме посебен сообраќаен режим на делниците каде е потребно да се овозможи непречено движење, да се овозможи градежната механизација и работната сила со подршка на АРМ да изгради насипи и да го исчисти теренот од надојдената вода, рече министерката.

Таа подвлече оти Владата ги ангажира сите ресурси за справување со последиците од поплавите.

– Речиси половна од Македонија беше под вода, дел од граѓаните се загрозени не само од поплавите, туку и од немање вода, оштетени се и објекти причинета е и материјална штетеа, одредена бројка луѓе се евакуирани и привремено сместени на безбедно, вели Јанкулоска.
Таа најави дека состојбата ќе се следи и зависно од временските услови ќе се интеревнира и ќе се преземаат дејствија кои одговараат на соодветниот момент.

Би можело да ве интересира

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

(ВИДЕО) Хаос во Италија: Рим под вода, затворени патишта, вклучени аларми

ВИДЕО: Поплави во Косово, блокирани патишта

Источниот регион повторно под вода: Поплави во Чешиново–Облешево

Горан Наумовски