А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Јанкулоска го осуди палењето на македонското знаме

by А1он09/07/2014 - 15:07120
Share0

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска најостро го осуди чинот на палењето на македонското знаме на протестите што вчера се одржаа во Приштина.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Очекувам дека властите во соодветните земји ќе ги преземат соодветните законски мерки да ги расчистат случаите, а сторителите да бидат соодветно санкционирани, изјави Јанкулоска по уништувањето на запленето оружје и разновидна дрога за кои веќе се донесени правосилни судски одлуки, во печките на „Југохром“ во тетовско Јегуновце.

На новинарско прашање дали официјално е реагирано до земјите каде што е тоа сторено, таа нагласи дека тоа е во надлежност на МНР.

Во однос на најавените протести кон крајот на неделата, министерката Јанкулоска ги повика лицата кои ќе учествуваат и што имаат намера да се приклучат на протестите, тоа да го прават мирно затоа што МВР е подготвено на максимално професионален начин, со почитување на сите професионални стандарди, соодветно да одговори протестите да не доведат до нарушување на јавниот ред и мир по улиците и градовите каде што ќе се спроведат, како и нивно ескалирање во поголемо насилство.

Следете a1on на Youtube YouTube

– За постигнување на оваа цел потребно е учество и на сите други останати општествени чинители, истакна министерката Јанкулоска.

За досегашната истрага за учесниците во протестите, Јанкулоска посочи дека се уште трае идентификација на лицата кои учествувале, предизвикале и провоцирале насилство. Досега се поднесени 24 кривични пријави за кои затворската казна изнесува од три месеци до пет години и 10 прекршочни пријави.

mvr

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Катерина Ѓуровски30/10/2026 - 10:30

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он28/10/2026 - 17:3828/10/2026 - 17:52

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он28/10/2026 - 15:37

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски27/10/2026 - 13:46

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Катерина Ѓуровски22/10/2026 - 10:07

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он19/10/2026 - 20:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео