Јанкулоска ги посети кандидатите за полициски службеници од генерацијата 2012-2013

Од:

Во Центарот за обука при МВР во Идризово денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ги посети кандидатите кои беа примени на минатогодишниот конкурс на МВР за прием на 300 полициски службеници, а ја завршија теоретската подготовка.

Генерацијата 2012-2013 кандидати за полициски службеници во Центарот за обука од понеделник започнуваат со практична обука во Секторите за внатрешни работи на МВР.

– Кандидатите за полициски службеници добро ја совладуваат обуката и според досегашните резултати мнозинството од нив покажаа успешност од над 60 проценти на совладување на материјата, а тоа потврдува дека една од клучните компоненти на образовниот процес е добрата селекција на кандидатите, изјави министерката Јанкулоска.

Таа потсети дека за селекцијата на оваа генерација кандидати за полициски службеници имаше посебен систем низ кои поминаа над 7.500 кандидати, од кои беа одбрани 330 влегоа во фазата за 12 месечна обука.

– Од овие 330 кандидати за полициски службеници зависно од постигнатиот успех, ќе се направи финално рангирање и најуспешните 300 кандидати ќе потпишат договор за вработување со МВР, нагласи министерката Јанкулоска.

Одговарајќи на новинарско прашање за вработувањата на оние кои имаат завршено високо образование – криминалистика, Јанкулоска истакна дека МВР нема никаква законска обврска да врши привилигирање на која било категорија на високо образовани граѓани.

– Ние и понатаму остануваме отворени за сите оние кои се заинтересирани за вработување во МВР и кои може да се пријават на огласите кои во континуитет ги објавуваме. Верувам дека до крајот на годината повторно ќе објавиме оглас за одреден број кандидати за вработување во МВР со високо образование и ќе имаат право да конкурираат сите профили кои ќе бидат соодветни на барањето од конкурсот, појасни министерката за внатрешни работи.

Јанкулоска потенцира дека МВР мора да го почитува Уставот и законските прописи, според кои сите граѓани имаат еднаков пристап до сите работни места.

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп