Јанкулоска ги фалеше полицајците од „Црниот понеделник“

Од:

Во Македонија денеска се одбележува 7 Мај – Денот на полицијата и безбедноста и Денот на баталјонот на воената полиција. На свеченоста што се одржа во МВР, делегација предводена од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска положи цвеќе пред споменикот на загинатите припадници на полицијата, а беше построен и почесниот вод на македонската полиција.

Јанкулоска им го честита Денот на полицијата на сите полициски службеници и вработени во МВР и им се заблагодари на чесноста, посветеноста и професионализмот со кој што ги извршуваат своите задачи. Истакна дека граѓаните се повеќе и веруваат на полицајците во своите средини и дека се зголеми откривачката функција во делот на економскиот криминалитет и нелегалната трговија со наркотици, а значително се намалени најтешките кривични дела, убиствата и разбојништвата. Неколкуте минатогодишни критични ситуации, според Јанкулоска, ја потврдија присебноста и професионализмот на полициските службеници.

Министерката во својот празничен говор, ги спомна активностите кои полицијата ги реализирала во изминатиов период, посветената работа на полицијата и професионализмот, признаени и од Европската комисија. Јанкулоска не пропушти на славеничкиот говор да му даде политичка конотација, па ги фалеше полицајците кои „се справуваа“ со опозицијата.

– На 24 декември полициските службеници беа омаловажувани и изложени на агресија пред законодавниот дом, но не дозволија да бидат вовлечени во насилни сценарија. Во Полициската станица Штип беа напаѓани, туркани и навредувани и повторно не потклекнаа на провокациите. Покажаа дека вистинската сила е во законот и во одбрана на интересите на граѓаните. Покажаа дека Република Македонија е демократска држава и дека само граѓаните се тие кои одлучуваат која политичка опција има подобра визија и програма и ја заслужува нивната доверба да ја води земјата. За жал, потценувањето на униформата и секојдневниот ризик на кои се изложени полициските службеници не запре тука.

Се обидоа да ги деградираат припадниците на безбедносните сили, враќањето на Јохан Тарчуловски, а деновиве повторно го актуелизираат и рушењето и дислоцирањето на спомениците на сите бранители и херои на Македонија. Не можат да сфатат дека сите кои ја носат полициската униформа вложија по нешто во мирот и безбедноста на Република Македонија, а некои дадоа се. Тие херои не заслужуваат таков однос.

zname

Инструментализирани самонаречени невладини организации или политичари, ниту имаат, ниту ќе имаат мандат личните фрустрации да ги лечат со уривање. Тоа што не можат да ја видат големината на спомениците на бранителите, на Гоце, Даме или останатите великани кои се жртвуваа за Македонија, само говори колку се тие мали. Затоа на овој ден, во мое лично име и во име на вработените во Министерството за внатрешни работи сакам да им порачам дека тоа што самите не успеале нешто да изградат или да остават трага во историјата на земјава, не им дава право да ги уништуваат сеќавањата на оние кои со крв ги запишале своите имиња. Нема да дозволиме децата, сопругите и мајките на нашите колеги што ги жртвуваа животите во 2001 година да бидат сведоци како некој варварски се обидува да ги збрише паметниците на нивната жртва – рече министерката Јанкулоска.

Со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 мај е востановен како Ден на македонската полиција, а по повод истиот ден во 1903 година, кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО е извршена реорганизација на власта и безбедноста.

Би можело да ве интересира

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ