Јанкулоска: Денеска имавме најдобро организирани и најчисти избори

Од:

Локалните избори 2013 година се одвиваа во мирна, фер и демократска атмосфера. Не е регистриран ниту еден посериозен инцидент.

Гласањето на избирачките места се одвиваше без пробелми и без нарушување на избирачкото право, оцени министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Според сите показатели со кои располага МВР, потенцира на прес-конференцијата министерката Јанкулоска, заедничка е оценката дека веројатно денеска имавме најдобро организирани и најчисти избори од независна Македонија. Сите заедно, нагласи таа, треба да бидеме горди на фактот што Република Македонија недвосмислено демонстрираше дека местото и е во ЕУ.

– Сакам да им честитам на сите граѓани на Република Македонија бидејќи покажаа храброст и одважност и докажаа дека имаат висока демократска свест, рече Јанкулоска.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар