Јанкулоска: Чадиев ја заслужува поддршката на велешани

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска го посети изборниот штаб на кандидатот за градоначалник на општина Велес од редовите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Славчо Чадиев.

– Можам да кажам дека како кандидат, Чадиев е најдобриот избор за кој треба да гласаат велешани, затоа што тој секогаш нуди иницијативи, размислувања за решавање на конкретни проблеми, има предлог-проекти кои имаат временска динамика на завршување за реалните проблеми на граѓаните, потенцираше Јанкуловска.

Таа изврши споредба на кандидатите за градоначалници на општина Велес, при што истакна дека Чадиев е подобар избор за велешани од Аце Коцевски од Сојузот за иднината, бидејќи, тој, како што истакна, веќе имал можност да се покаже, но и заради тоа што припаѓа на една политичка групација која зборува за апстрактни теми кои не ги решаваат проблемите на граѓаните.

– Јас сум министер за внатрешни работи веќе подолго време и кога Аце Коцевски беше градоначалник на општина Велес и тогаш немаше буквално никаква иницијатива од страна на локалната самоуправа за решавање на најгорливите проблеми на велешани, нагласи, Јанкуловска.

Изрази уверување дека во недела велешани ќе ја поддржат политиката и делата на прогресот, на постојаната работа, на испорачувањето на резултати, наспроти понудата на Коцевски односно застерениот модел на водење на политика.

– Верувам дека граѓаните на Велес ќе го направат вистинскиот избор бидејќи, Славчо Чадиев ја има целосната поддршка и од ВМРО ДПМНЕ и од победничката коалиција „За подобра Македонија“, од сите претставници на институциите, но најважно од велешани кои во него препознаваат човек кој може да ги застапува нивните интереси, порача Јанкуловска.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно