А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Јанкиески: Речните корита во поплавените региони ќе се чистат во летниот период

by А1он26/03/2015 - 16:54144
Share0

Владата прави подготовки за помош и обештетување на граѓаните погодени од неодамнешните поплави, но и за санација на штетите пред се на локалната патна инфрастуктура. Деновиве ќе заврши проценката на штетите од поплавите и потоа ќе се пристапи кон реализација на помошта.

Добивај вести на вибер

Ова го истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во одговор на прашањето од пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ, кога ќе се санираат оштетените насипи на реката Црна, поставено на денешната седница на Собранието на Република Македонија посветена на пратенички прашања.

Тој посочи дека Агенцијата за државни патишта веќе почна со санација на дел од мостовите кои се на регионални патни правци и додаде дека речните корита ќе се чистат во летниот период.

– Во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и вицепремиерот Владимир Пешевски се прават последните координации за правење на акциски план за чистење на реките. Тие ќе бидат предмет на чистење во текот на летниот период, бидејќи сега кај најголем дел од реките е невозможно да се прави санација или продлабочување на коритото заради големиот водостој. Очекувам дел од активностите да бидат насочени и кон реката Црна, рече Јанакиески.

Тој додаде дека со акцискиот план ќе биде прецизирано точно на кој потег од реките ќе се интервенира во летниот период, а акцент ќе се стави на сите речни корите кои беа повеќе оштетни во текот на поплавите како што беше и случајот со реката Црна.

– Санацијата најверојатно ќе се спроведува преку Дирекцијата за заштита и спазување, прецизира Јанакиески.

poplavi

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 10:08

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 08:0217/02/2026 - 08:10

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Горан Наумовски16/02/2026 - 09:17

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:29

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

Горан Наумовски11/01/2026 - 15:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен