Јаневска: Наставниците да не се плашат за своите работни места

Од:

Наставниците не треба да се плашат, никој нема насилно да ги избрка од работа, тоа е лага, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на пратеничко прашање дали со оптимизација на училиштата наставниците ќе останат без работа.

На собраниската седница таа посочи дека за над 20 години се намалил за 28 проценти бројот на ученици, само во последните седум години, рече, сме изгубиле 17 000. Во истиот период, додаде Јаневска, бројот на наставници е зголемен за 46 проценти и тоа го укажуваат странски релевантни институции.

-Како резултат на тоа, бројот од 18 ученици по наставник се намали на 11,4 ученици по наставник што е многу повеќе во споредба со европскиот просек и тоа доведе до вишок на наставен кадар од околу 13 проценти. Иако јас велам дека во ниедна земја доктор и наставник не може да биде вишок, но проблем е што имаме училишста со три или пет ученици. И тука не се во прашање трошоците туку тие деца остануваат изолирани и не социјализирани, последни се на тестирањата и затоа треба да направивме нешто за тие ученици да се интегрираат, истакна Јаневска одговорајќи на прашање на пратеничката од СДСМ Сања Лукаревска.

Јаневска посочи дека дел од наставниците добиле можност да бидат преквалификувани во кариерни советници за да останат на работа или да работат како образовни асистенти.

Потврди дека пратила допис до училиштата за број на првачиња за да направат план на паралелки и да го достават до МОН за, како што рече, „да видиме што можеме да правиме со оптимизацијата“.

-Но таа нема да се прави насилно, училиштата се на општините, тие имаат градоначалници. Никој нема насилно да си оди, но треба да ја почнеме оптимизацијата и да не молчиме на проблемот што ќе се зголемува. Нема новороденчиња, тоа се случува не само кај нас, туку глобално, 124 училишта спонтано се затворија, не ги оптимизиравме ние, туку нема новоредни и неколку години нема првачиња, рече министерката Јаневска.

Би можело да ве интересира

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска до Јаневска: Затворивте 26 училишта – дали сè уште планирате да станат старски домови?

ХЕРА до Министерството за образование: Ќе ги тргнете часовите, но не и силувањата, уцените, ХИВ и раните бремености

A1on

Јаневска: Изборниот предмет Сеопфатно сексуално образование го повлекуваме и ќе направиме длабока ревизија по барање на јавноста

Јаневска за затворањето училишта: Ова се болни реформи, но во моментов сме во критична ситуација

Левица: Јаневска им вели на шестгодишни деца да бараат братче и сестриче за да ја решат демографската криза во која ДПМНЕ ја доведе Македонија