Јаневска најави затворање на два института поради нерегуларности

Од:

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека Државниот просветен инспекторат постојано работи по сите пристигнати пријави, при што се утврдени одредени нерегуларности кај некои универзитети.

Во изјава за медиумите денеска таа посочи дека неправилности нема само на универзитети, туку и на институти и дека „комплетно е завршен процесот на затворање на два института“, но не откри за кои институти се работи.

-Дозволете да ги затвориме и транспарентно ќе објавиме. Во овој момент, најверојатно, продолжува и за уште три, но треба да заврши и ќе имаме информација, изјави Јаневска претпладнево при посетата на средното општинско училиште „Коле Нехтенин“ во Штип по повод неговото трансформирање во регионален центар за средно стручно образование и обука.

Кај дел од универзитетите, рече, сосема е при крај процесот односно постапиле со наплата на казни на рецензентски комисии, декани и ректори.

На новинарско прашање дали инспекции има и на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, одговори дека и таму имало една контрола од која се чека извештајот, нагласувајќи дека сите универзитети, без исклучок, ќе го поминат процесот. Секаде каде што ќе бидат завршени процесите, истакна Јаневска, јавно и транспарентно ќе бидат објавени резултатите.

Претходно министерката посочи дека се утврдени неправилности на универзитетите во Тетово, Охрид и Струга.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Приватен институт работел во задна просторија на кладилница со два душеци

Јаневска: Очекувам од 1 октомври студентите да влезат во реконструираните домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“

Законот за високото образование в понеделник со сите прифатени забелешки повторно на ЕНЕР, потоа во владина процедура

Јаневска: Нема да го повлечеме Законот за Високо образование, такво нешто бараат тие што се плашат од условите

Јаневска вели дека нема потреба од повлекување на законот за високо образование, немало многу забелешки

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет