Јаневска: До последен да се вклучиме да им помогнеме на младите да се справат со проблемот по трагедијата во Кочани

Од:

По трагедијата во Кочани, до Министерството за образование не се пристигнати дојави за какви било несакани појави или реакции од типот на агресии, но апели за помош има и на нив се одговара веднаш, во соработката со стручните служби.

Како што изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, трагедијата што се случи е проблем на целото општество, а процесот на заздравување ќе потрае. Во него треба да се вклучат сите, без исклучок, и наставниците и стручните служби и родителите, за да им се помогне пред се, на младите.

-За жал, трагедијата е многу голема. Она што како институција можевме, веднаш го направивме. Уште истиот ден доставивме протоколи, упатства и препораки како треба да се постапува од психолошки аспект. Упатствата беа упатени и до наставниците и до стручните служби и до родителите. Ова е проблем на целото општество и не се однесува само на кризните подрачја, ја засега целата држава. Оттука, сите ние, со огромна одговорност треба да се вклучиме во справувањето или заздравувањето на нацијата, особено на младите кои се најзасегнати зашто се најмалку искусни и реално им треба помош и поддршка. Апелот е и до родителите и до наставниците и до стручните служби сериозно да си ја преземат активноста во секој дел од денот и на секое место каде што се наоѓаат учениците, без оглед на која возраст се, истакна Јаневска, одговорајќи на новинарски прашања пред промоцијата на дипломираните и магистрираните студенти во академската 2023/24 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

МОН, дополни министерката, е во постојана комуникација со Комората за психолози и Институтот за психологија, со Клиниката за психијатрија и со Црвениот крст, а голема помош добива и од УНИЦЕФ.

-Сите тие си ја вршат должноста најдобро што можат. Ова е нешто што ќе потрае и затоа сите ние, до последен, треба да се вклучиме за да им помогнеме на младите да се справат со проблемот, а притоа да ги избегнат несаканите појави – каков било тип на агресија, потенцирање на трагедијата, предолго жалење,… Продолжуваме да ја одржуваме организацијата, вклучуваме што е можно повеќе училишни психолози, но и тој број е органичен. Се спроведуваат обуки и во моментот на секоја дојава за помош, реагираме веднаш, инстантно, со поддршка на надлежните институции, подвлече Јаневска.

Би можело да ве интересира

Судијката Диана Груевска Илиевска ќе го води судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

А1он

Кривичен го одобри обвинителниот акт за трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Филипче: Се откри грдото лице на оваа власт, правда за Кочани нема да има, ги заштитиле своите функционери

Обвинителниот акт за трагедијата во „Пулс“ ќе биде оценет до крајот на неделава

Катерина Ѓуровски

Јаневска: Издадовме решение за привремен престанок на работа на Факултетот за бизнис економија во Скопје

Јаневска: Учебниците што им недостигаат училиштата ќе може да ги најдат во ПДФ-формати на веб-страницата на Педагошката служба