Јанева во „Рекет“ почна да докажува дека не е виновна, јавноста исклучена од судењето

Од:

Со презентација на материјални докази, односно извадок од една емисија на „1ТВ“, адвокатите на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, ја почнаа одбраната во предметот „Рекет”.

Од прикажаниот видео материјал јавноста на денешното рочиште имаше можност да види и слушне како обвинетата Катица Јанева, воедно и обвинителката Лиле Стефанова, на 29 јануари 2019 ги оправдуваат предложените мерки за обвинетите во случајот „Империја”.

Одбрана на Јанева, како дел од материјалните докази презентираше и Анкетен лист на обвинетата, каде според нив, нема промена во имотната состојба.

Воедно, беше презентирана и листа на транскрипти кои лицето Лиле Делиџакова (сестра на обвинетата Јанева) ги уплатила во болницата „Систина”, за лекување на нејзиниот татко.

Дел од материјалните докази предложени од Катица Јанева, беа и материјални докази од истрагата за „Империја”, поради што одбраната побара да се исклучи јавноста.

Судијката Васка Николовска – Масевска, го прифати овој предлог и објасни дека до 23 март сите рочишта за „Рекет”, ќе се одвиваат без присуство на јавноста, заради чување на тајноста на овој предмет.

На рочиштето закажено за 23 март, одбраната на Катица Јанева, ќе почне со испитување на сведоци, меѓу кои се предожени и поранешни обвинители од СЈО.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов