Пред презентацијата на снимките кои ги доставил осудениот Зоран Милески-Кичеец, а беа презентирани на денешното рочиште за „Рекет“, второобвинетата Катица Јанева побара јавноста не биде исклучена при презентацијата на снимките. Таа пред судијката рече дека сега ќе се види кој е изманипулиран, кој нудел поткуп, а кој манипулирал.
„Бараме да не бидат исклучени непријатните работи за да се види кој манипулира, кој е изманипулиран, кој нуди поткуп“, рече Јанева пред судот.
Бојан Јовановски потврди дека сака да се пушатат разговорите меѓу него и Милевски пред јавноста и се согласи со Јанева. Но, тој посочи дека бил незаконски сниман и дека не ги знае снимките.
„Јавноста ќе биде исклучена во делот каде Обвинителството наведе дека има потреба. Судот се грижи и за останатите лица, не само вие“, констатираше судијката Васка Николовска-Масевска.
„Ве молам јавноста да не биде исклучена“, повтори Јанева по одлуката на судот.