ВИДЕО: Јанева повторно со лисици во обвинителство, ќе врши увид во доказите за „Рекет“

Од:

Поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева по втор пат неделава со лисици е донесена во Обвинителството за организиран криминал и корупција каде треба да изврши увид во доказите за Рекет во својство на осомничена. Засега е непознато дали Јанева ќе даде исказ уште денеска по увидот или тоа ќе биде оставено за идната недела.

Обвинителката Вилма Русковска неделава ја извести јавноста дека официјално истрагата за случајот е завршена.

Вчера во обвинителството исто така по втор пат дојде и осомничениот Бојан Јовановски кој бараше увид во доказите пред да го даде исказот пред обвинителката Русковска.

Според истрагата, Боки 13 заедно со Зоки Кичеец во два наврати зеле 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра со ветување дека преку ексшефицата на Катица Јанева ќе ја запрат истражната постапка или ќе му ја олеснат положбата во постапката.

Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството беа повикани бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз, Агапи Дика, и бизнисменот Зоран Азманов. Минатиот месец на распит кај Русковска беше и второосомничениот Зоран Милевски – Кичеец.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов