Јанева не е сместена во хашкото одделение за да не се сретне со Боки 13

Од:

Катица Јанева не е сместена во хашкото одделение на затворот „Скопје“ во Шутка, бидејќи таму повеќе од 30-денови се наоѓа Бојан Јовановски познат како Боки 13 кој е осомничен во истиот случај каде е и Јанева. Управата на затворот за „А1он“ вели дека тоа е стандардна процедура на постапување. Оттаму додаваат дека здравствената состојба на Јанева е третирана според прописите кои затворот ги има, не коментирајќи дали таа има нарушено здравје.

„Затворската управа направи проценка. Таа е сместена во затворот, но согласно процедурите, да нема контакт со другите осомничени лица во истиот случај. Утрово е однесена на здравствен преглед кај лекар. Ние стоиме зад тоа дигнитетот и интегритетот на овие лица да се зачува“, велат од Управата на затворот „Скопје“.

По прегледот кај затворскиот лекар, Јанева во придружба на полицијата е испратена за Гевгелија, за да присуствува на погребот на нејзината мајка која почина вчера.

Би можело да ве интересира

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева