Јанева им порача на судијките да не се плашат од „тресењето гаќи“ кое го најави Русковска

Од:

„Одам со крената глава, и можам секого да го погледнам во очи…“, ова беа зборовите на ексшефицата на СЈО, Катица Јанева која пред судот неколку минути го читаше подготвеното.

Јанева рече дека Вилма Русковска и’ инструирала обвинение и првенствено говореше за работата на СЈО.

„Горда сум на формирањето на СЈО, на тимот кој го предводев четири години, на сите обвинители, истражители… Ја имав честа да формирам тим на обвинители и истражители“, рече Јанева.

„Секојпат сум била општествено одговорна“, кажа обвинителката и им порача на двете судијки и поротничките да судат без предрасуди и да не се плашат од „тресењето гаќи“ на Русковска.

Ексшефицата на СЈО рече дека со прифаќањето на работата во СЈО, се изложила себе си и семејството на голем ризик, но не жали за тоа.

Јанева рече дека ги плаќа и двајцата адвокати и дека инсистира и двајцата да бидат на рочиштата откако закажувајќи ги следните судења, стана збор дали мора и двајцата да бидат присутни на едно од закажаните рочишта.

Следното судење за Јанева и Јовановски е закажано в петок на 6 декември кога ќе треба да сведочи Орце Камчев.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог