Јанева: Да знаете што се знам од 660-те илјади фајлови, сигурно не би била тука

Од:

СЈО кое го водев четири години, од тогашната опозиција доби 660 илјади фајлови со незаконски прибавени прислушувани материјали. Да знаете што јас се знам од тие 660 илјади фајлови, сигурно не би била тука, но јас никогаш не дозволив тие да излезат во јавност. Се надевам дека тие фајлово се уште се во СЈО, изјави поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева на денешното судење за случајот „Рекет“ во кој е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување.

Поранешната шефица на СЈО Катица Јанева кажа дека фајловите биле слушани по три часа на ден и сите материјали биле сработени.

– Согласно законот за СЈО јавните обвинители имаа целосна слобода и независност во водењето на предметите и постапките, рече Јанева.

Нагласи дека таа не водела ниту еден од случаите, што биле отворени од СЈО и немала ниту еден предмет во нејзината канцеларија.

Би можело да ве интересира

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава