Јане Ченто останува во притвор во Шуто Оризари – Апелација му ја одби жалбата

Од:

Тричлениот кривичен совет на скопска апелација му ја одби жалбата на обвинетиот за собраниските насилства, Јане Ченто да му биде укинат притворот, потврдија од второстепениот суд за „Макфакс“. Тоа значи дека Ченто и натаму останува во затворот Скопје и ќе биде спроведуван со полициска придружба на судењата за 27 април. Утрово тој се појави во кривичниот суд на рочиштето за крвавиот четврток.

Во Апелацискиот суд во Скопје пред два дена се одржа јавна седница за продолжувањето на притворот на обвинетиот Јане Ченто. На седницата не дојде обвинител од Вишото јавно обвинителство да објасни на кои околности се согласил со продолжување на притворот, па беа прочитани неговите аргументи.

Ченто пред судиите Јани Нича, Цветанка Периќ и Сафет Кадрии рече дека го држат во притвор со „копи-пејст“ решенија и дека постојано го препишуваат само аргументот дека притвор се бара поради сериозноста на кривичното дело.

Обвинетиот рече дека му дале копирано решение од други обвинети и дека судот не води сметка за фактите и доказите, а на судијата Нича му предочи да го почитува она што самиот го напишал во прирачник за притворот како последна мерка со која ќе се обезбеди присуство на обвинетиот.

„Вратете ме во Шутка со браќата. Чест е да се биде во затвор во вакво време“, рече Ченто и додаде дека во Македонија има селективна правда. Ченто е еден од 33 обвинети за настаните од крвавиот четврток за загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Тој е претседател на патриотското здружение „Пере Тошев“ од Прилеп.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници