Јанчева: Поминаа четири месеци, а мостот „Беласица“ не е саниран

Од:

Поминаа четири месеци, а мостот „Беласица“ неспособната локална власт на ДПМНЕ во Скопје се уште го нема санирано.

Овој мост освен што е витален за сообраќајот во овој дел на градот, е клучен за парното снабдување на скопјани, под него минува главната топловодна мрежа.

Надлежните институции не можат да ги постават новите цевки само затоа што локалната власт на ДПМНЕ и Арсовска го нема санирано мостот.

Ако бргу не се санира овој мост, ризикот е скопјани да останат без навремено снабдување со парно. А сообраќајниот хаос ќе продолжи и понатаму.

На градоначалниците на ДПМНЕ воопшто не им е грижа за граѓаните.

Овој случај уште еднаш ја покажува неспособноста на локалната власт на ДПМНЕ во Скопје и нивната градоначалничка.

Во Скопје не се работи ништо, наместо да се развива Скопје уназадува.

И тоа секогаш се случува кога ДПМНЕ ќе добие доверба од граѓаните

Еден мост не можат да санираат а не да направат нов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски