Се изгледавме кривични пријави и обвиненија и за Заев, и за Бучковски, и за Мијалков и за Груевски, па влакно не им фали. Заев си живее во Дубаи – од уста не го вадевте кога бевте опозиција. Друга работа е – видете го делото за кое се гонат лицата од истрагата: предизвикување општа опасност. За да ги фати овој дел, лицата од истрагата требало директно да одат да подметнат пожар. Значи, ова се глупости! Се гонат службени лица и самото тоа ви кажува дека треба да одговараат за службенички криминал, за злоупотреба на службената должност или за несовесно работење во служба”, истакна на собраниската говорница пратеникот од Левица – Сашко Јанчев, обраќајќи се кон пратеникот Бојан Стојановски.
– На денот на погребите на починатите, склучивте договор од деветнаесет милиони денари за мерење рејтинг. Ова не е некрофилија? Зборувате за злоупотреба на трагедија. Се изнаслушавме и за некрофилија и за глодарене и за политичко лешинарење. Да видиме кој е некрофил тука? Ова е политичка социјална патологија – образложи Јанчев од Левица.
– Да се вратам на злоупотребата на трагедијата, а за тоа да видиме која злоупотребува, битен е случајот со промената преку ноќ на тезата за државниот обвинител Коцевски – одреден период се водеше отворена институционална и медиумска војна против Коцевски од страна на власта за преку ноќ истиот стана добар. Што се случи? Се случи трагедија во Кочани и се отвори можност под кривичен прогон на паднати ВМРО-вски функционери. Ете, тоа се случи и затоа се договоривте да не го менувате, а он да ги штити ВМРО-вските функционери, што е злоупотреба на трагедијата во Кочани – додаде Јанчев.
– Вие му понудивте да не го мените, а он за возврат да не ги гони вашите функционери. И сега се фалите со седумдесет пријави и триста испитувања. Оваа бројка на пријави е од пиар – побуди и само ја осложнува постапката! Ова спротивно е на принципот на ефикасност на кривичната постапка, а и чавките во Македонија знаат и прават голема разлика од кривична пријава, па дури и обвинителен акт до правосилна пресуда. Ова е театар за деца и младинци и е злоупотреба на трагедијата во Кочани. Значи власта е некрофилска и злоупотребува трагедијата во Кочани да го стави Коцевски во свој џеб – поентираше тој.