Јанакиески: Општина Струга има ингеренции да управува со плажите

Од:

Министерството за транспорт и врски и дава целосна поддршка на општина Струга да ги направи плажите согласно законските прописи, изјави денеска ресорниот министер Миле Јанакиески.

Одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата на струшкиот градоначалник Зијадин Села, тој нагласи дека општината има целосна ингеренција да управува со плажите, да ги руши објектите и да ги затвори плажите.

– Министерството за транспорт и врски му дава логистичка поддршка и јас како министер го поддржувам во идејата да ги направи плажите во Струга одлични. Редно е веќе година и пол од зборови да помине на дела. Ние му стоиме на располагање да направи модерни плажи за подобар изглед на градот и привлекување повеќе туристи, изјави Јанакиески пo посетата на струшките села Нерези и Луково каде изврши увид на градежните работи за изградба на водоводна мрежа.

Во однос на обвинувањата дека Министерството не го одобрува Генералниот урбанистички план, Јанакиески подвлече дека Села никогаш немал поднесено такво барање.

Општина Струга од крајот на 2011 година има целосни ингеренции за управување со неизграденото градежно земјиште, вклучувајќи ги и плажите.

Би можело да ве интересира

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција